Нашата млада работна сила и движечка енергија на секое општество, индиректно ја испративме да биде достоен следбеник на копачите од Кочо Рацин на 21-от век, во гроздоберите на западните држави.
Да се молиме да дојде некој и да ни ја реши економската нестабилност во државата е парадокс на векот. Ние сме тие што треба да го решиме проблемот.После толку експерти што ги изгледав на телевизија и прочитав во весници си реков дека ова вака нема да тргне без реална иницијатива. Од толку зборење за економската рецесија и критикување, политизирање на самопрогласени експерти да Ви се слоши. Еве едно решение за победување на рецесијата во Македонија.
Во претходното соопштение образложив дека на Македонија и е потребно производство. И самите знаете дека мотор на успешните економии во западните држави е индустријата. Од голема важност е да имаме производ што ќе можеме лесно да им го продадеме на земјите во регионот. Да бидеме лидер во регионот. Овојпат за пример ќе Ви посочам изградба на хидроцентрали на реката Брегалница. Реката Брегалница е брза река и извира од висока надморска височина. Поволна е за изградба на хидроцентрали. Тоа ќе не спаси од недостатокот на електрична енергија и голема е веројатноста да ни донесе поволен профит. Самата изградба на истите ќе ангажира голем број на работна сила. Целта е продажба на електрична енергија надвор од нашите граници. Капитален проект што може да не извлече од оваа неповолна клима.
автор: Ненад Николовски
технички секретар на ТМРО