Пехчево е можеби единствената општина во Македонија, од каде изминативе 22 години независна Македонија, нема ниту еден пратеник во собранието на РМ, а 20 години ниту еден министер во владите на РМ. Едноставно овој дел од државата чека на изградбата на патниот правец Миладиновци-Штип-Кочани за конечно заживување на Малешевијата. Покрај овој приоритет на Пехчево е и изградба на патниот правец Пехчево-Симитли во Република Бугарија во должина од 7 км од Македонска и 15 км од другата страна и отварање на граничниот премин Пехчево-Симитли, со што директно за 35 километри Пехчево ке се поврзе со елитниот зимски центар Банско, што значително би допринело за запирање на миграцијата на младите од овие краишта. ТМРО ви ветува дека претставниците на партијата кои ке бидат номинирани за државните позиции, приоритетно ќе дејствуваат и работат на унапредување и реализирање на овие проекти од витално значење за Пехчево и Малешевијата.
Беа претставени новите партиски простории на ТМРО во центарот на Пехчево во домот на културата, а промовирана е и претседателката на ОК ТМРО Пехчево,-22 годишната апсолвентка на Економскиот факултет Љупка Шехтанска.
Прес центар ТМРО