Во Македонија образовниот процес започна многу покасно за разлика од нашите соседни земји.
Сведоци сме дека тие ревносно се тепаа кој да преовладува во Македонија и кој да заземе поголем дел.Поради тие причини самите тие ни отвараа странски училишта со една цел: да се збуни Македонското население или придобие.
Македонскиот човек во поновата историја бележи олимписки скокови во вертикала и хоризонтала.
Уште пред Балканските војни, македонецот е познат сточар и земјоделец со срп во рака.Странските пропаганди ни дадоа оружје да се бориме брат со брат. Тие беа свесни дека немаме училишта и дека сме неуки,затоа им беше полесно да не учат тоа што сакаат.Знаете,празен сунѓер собира вода, посебно ако е нов. Уште полесно им беше меѓу двете светски војни,а посебно после Втората светска војна да не Југословенизираат. Тогаш се отворија и универзитети низ Македонија.До 90-та година не учеа што сакаа, да речеме дека сеуште се лечиме од таа болест. Секоја чест на исклучоците низ историјата.
Но што да кажеме денес, со што се соочуваме сега?! Со училишта полни со нестручен кадар, посебно по Историја таму од каде што почнуваме,жалосно, тоа резултира со училишни клупи во чии глави владее незаинтересираност бидејќи нема кој правилно да им пренесе.Лично познавам неколку примери кои врска немале од Историја дури биле ученици, студираа со години и плаќаа испити за сега да ни ја пренесуваат Историјата.Тука сме го згрешиле правецот.
За жал тоа не е единствен проблем. Младите секојдневно се во контакт на социјалните мрежи од каде што црпат повторно некои невистини. Во јавноста во Македонија постојат медиуми и новинари следбеници на Југословенизацијата,а има и такви следбеници и на други пропаганди.Сега е моментот да обратиме внимание како ќе ги одгледуваме нашите идни поколенија во слободна Македонија.
Да резимираме: Не земале од нива и не ставиле во училишни клупи ,па не учеле тоа што сакале. Сега ние не сакаме да учиме. Ако не верувате колку нашиот народ не си ја знае историјата слободно поставете неколку историски прашања. Ова е апел до целото македонско население да се подигне националната свест и конечно да се разбудиме.
автор: Ненад Николовски
технички секретар на ТМРО