Во Македонија во последните години е многу популарен терминот странски инвестиции.Меѓу народот веќе се збори и мисли дека истите ни се неопходни. Во одреден момент таквите инвестиции можат да ја намалат невработеноста,меѓутоа какво влијание ќе имаме на долг рок?Зошто никој не се занимава со оваа проблематика во нашата држава. Каде се звучните професори од државните и квази-приватните универзитети? Зошто се расфрламе со дипломи кои еден ден ќе не удрат по глава? Би сакал да ги потсетам македонските граѓани,а воедно и да ги охрабрам да ги истакнуваат своите морални вредности.
Ако на краток рок странските инвеститори ни ја намалат невработеноста, што се случува на долг рок? На долг рок во превод странските инвеститори ни даваат мизерни 200 евра плата, бидејќи во платите многу ги потсетуваме на Индија и на Кина, огромниот профит што го апсорбираат го изнесуваат од државата.
Пластичен пример за македонскиот граѓанин: Имате деловна просторија во центар на елитно место и имате можност да направите бизнис. Немајќи идеја што да правите го давате под наем за 300 евра на некој што има идеја за бизнис и решение како да генерира приход од 3000 евра месечно.Самите одговорете си на прашањето каква зделка сте направиле или ништо од бизнисот?!
Најголемите економии во светот како што се САД, се најголеми производители на земјоделски и индустриски култури,а воедно и најголеми извозници.Значи САД произведуваат повеќе отколку што трошат. Веројатно таму се крие тајната на успешните економии.
На Македонија и давам предлог да го направиме истото. Да произведеме повеќе отколку што трошиме.
Да не дозволиме да ни доаѓаат странските „Бизнис Ангели“ на места каде што не ни се потребни.
Кога зборувам за ова мислам на еден пример со рудниците во Македонија. Во општина Пехчево е доста популарен рудникот за злато и бакар. Стручните ископувања и резултати покажуваат дека голем дел од општината лежи на злато. Сега таму се дојдени странски компании со намера да ја ископаат златната руда,а замислете имале намера да ги вработат луѓето во чии ниви ќе копаат!!! Па луѓе во кој свет живееме? Зарем немаме мозок? Се радуваме како мали деца дека некој ќе не вработи,а спиеме на злато?
автор: Ненад Николовски
технички секретар на ТМРО