На Кичево објективно СДСМ не може и не смее да му понуди ништо,а најмалку заеднички Македонски кандидат за градоначалник. Актуелната владеачка политичка елита во Кичево реално нема ниту капацитет, ниту авторитет за трка под превезот еден кандидат поддржан од сите. ТМРО пред 10-тина дена јавно потенцираше дека,изминативе 20 години се погубни за Кичево, насилно се смени етничкиот состав, во градот не е отворен ниту еден државен капацитет, а младите Македонци масовно го напуштаат градот и околината,Реално и коректно би било двете најголеми Македонски политички партии да поддржат еден кандидат, кој не е предлог ниту на едните ниту на другите, а предлогот на ТМРО е Јулијана Штерјоска-Трајкоска млада личност без хипотеки, која своето образование го стекна на престижниот Шефилд Универзитет во Солун .На Кичево му треба нов ,млад и амбициозен кадар во кој ке имаат доверба сите,а евентуалното Македонското губење на Кичево заради суета ке остави несогледливи траги за Македонската држава.
Македонските партии деновиве имаат историска одговорност ,онака како што тоа го направија Албанските партии кои имаа консензус за еден кандидат ,да покажат зрелост и национална одговорност-истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.