Реално и политички исправно е итно барање од Република Македонија до советот за безбедност на ООН за статус на неутрална држава по примерот на Швајцарија, вели претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански. -Очигледно залудни се било какви понатамошни преговори за членство во ЕУ со кои услов би била промена не само на името туку и на идентитетот. Македонија загуби 20 години, а не смее веке да губи ни две,туку мора да бара алтернатива, со која би се гарантирал и заштитил нејзиниот територијален интегритет, а една од реалните опциите секако би била Неутрален статус, по примерот на Швајцарија, опција за која не гледаме причина да не биде прифатена од различните етнички политичките субјекти- истакна Шехтански.