Да се слави денот на окупацијата врз сопствената држава за ТМРО е надвор од здрав разум.Битката која српскиот претседател заедно со Македонски државни претставници,ја одбележи кај Зебрњак претставуваше почеток на Српската окупација врз Македонија,која траеше од 1912 па се до 1991 година.За време на Српската окупација,Српските војски со навлегувањето кај Куманово 1912 и победата над Турската војска,само ја заменија окупацијата и тоа покрај Грчката со една од најсвирепите во Македонската историја. На ослободување ли ви личи,како Српските окупатори жестоко се пресметаа со Тиквешките востаници 1912, масакрирајки 500 Македонци, а слично заврши и Македонско-Албанското востание во Струшко. Ослободување ли е забранувањето учење на Македонски јазик,ослободување ли е србизацијата со промена на презимињата на ик,а се вршеше и масовна колонизација на српско население(мегу другите места и во валандовско каде Николик, вчера пиеше ракија). Колонизацијата продолжи и во СФРЈ,кога неслучајно,80% од воениот кадар на ЈНА беше српски,а истиот тој трајно остана во Македонија,преку мешаните бракови,што директно влијаеше на етничкиот состав и Македонскиот етнос воопшто.Вистинската слобода за информација на Николик е 8 септември 1991 кога Македонскиот народ на референдум се изјасни за самостојна држава.За ТМРО е симптоматично што почнаа де се слават балистите а сега и четниците ,а тоа е директна провокација на Македонските национални чувства,кои од овие окупатори имаат само лоши спомени, на кои некој сака пак да не потсети.За ТМРО гафовите кои Николик намерно ги искажа не се случајни а уште помалку добронамерни.
Прес центар ТМРО
Прес центар ТМРО