Далеку од реално е да се мисли дека Европретставникот во Македонија - Аиво Орав, по потекло од малата Естонија, самиот се дрзнал и во извештајот во Брисел дури 7 пати го менува името на цел еден народ? повеќе... Дипломатски гледано, ставот на Орав не е негов личен, туку е став на Европската Унија која не се огради. Тоа е тест провокација, на само десетина дена пред можниот датум за преговори со ЕУ. ТМРО позитивно гледа и ја поздравува брзата и исправна реакциа на Владата и претседателот на Република Македонија, во зачувувањето на МАкедонскиот идентитет и достоинство, рече претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански на средбата со членовите и симпатизерите на партијата.
ТМРО вчера вечер во Берово го промовираше претседателот на ОК Берово, Ненад Николовски, 25 годишен дипломиран економист, а беа отворени и новите партиски простории.
Прес центар ТМРО