ТМРО смета дека е е вистински момент да се основа Министерство за Индустрија во Македонија.На нашата држава и е неопходно да почне да гради објекти од економско значење за државата и својот народ. Мора да сватиме дека не смееме да дозволиме континуирано иселување на младите луѓе од државата. Наш предлог е да се основаат стручни комисии на Државните Универзитети што ќе бидат помошна гранка на Министерството за Индустрија.
Идеите и креативноста на младите луѓе ќе имаат можност да бидат кажани и слушнати,а целта е да бидат реализирани.Младите луѓе се движечка енергија на секое општество.
Имавме пример од Машинскиот Факултет каде што млади луѓе направија дизајн на автомобил. Зошто да не ја искористиме оваа брилијантна идеја. Можеме да склучиме договор за користење на мотор со некоја компанија од автомобилската индустрија и да имаме свој производ-Македонски автомобил. Ваквите примери треба да бидат подржани и истакнати за да имаат континуитет. Нашата местоположба е погодна за производство на било кој производ и продажба на истиот во Европа и Светот. Замислете да постои еден Македонски Автомобил кој бенефит ќе биде за Македонија. Познато е дека имаме агенции за 3D анимации од Македонија кои успешно работат за Холивуд. Зошто да не ја подржиме и таа индустрија. Ова се само неколку примери на кои што можеме да им се восхитуваме. ТМРО се обврзува кон Македонија и Македонскиот народ дека ќе обелоденува вакви идеи постојано,меѓутоа за целосна подршка и реализација на вакви идеи кои што можат да бидат од огромно економско значење за државата смета дека е вистински момент да основаме Министерство за Индустрија.- Изјави техничкиот секретар на ТМРО Ненад Николовски.
Прес центар ТМРО