Македонците низ вековите опстанале,благодарение на црквата и многудетното патријархално семејство.Денес во 21 век се соочуваме со бела чума,каде исчезнуваат не само семејства,туку и цели градови,заради немањето младо население и поколение.За ТМРО е неопходно Македонија да преземе покрај соодветни стимулативни мерки за наталитетот,кои ова влада со проектот трето дете ги започна,а ТМРО ги поддржува и кои веке даваат резултат,да се превземат и казнени мерки со т.н.проект ЕРГЕНСКИ ДАНОК.Македонската држава вложувала во секој поединец,преку бесплатно образование до 18 години,социјална заштита,минимална здравствена заштита,се со цел да се изгради здрава личност,која ке допринесува за државата.Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист, е да го санкционира преку плакање данок во висина од една месечна плата-годишна такса,на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години.Наша приоритетна цел и политичка и економска,а ако сакате и државна е подржување на наталитетот кај Македонците,како основа за опстанокот на Македонската држава и народ-,беше главната поента на претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански,на вчерашната средба со членовите и симпатизерите во Гевгелија.
Беа претставени новите партиски простории во трговскиот центар на Гевгелија,а промовиран е и претседателот на ОК ТМРО во Гевгелија 28 годишниот дипл.правник Павел Рендевски., -наведе во денешното соопштение потпаролот на ТМРО Слободан Лаковски.
Прес центар ТМРО
Беа претставени новите партиски простории во трговскиот центар на Гевгелија,а промовиран е и претседателот на ОК ТМРО во Гевгелија 28 годишниот дипл.правник Павел Рендевски., -наведе во денешното соопштение потпаролот на ТМРО Слободан Лаковски.
Прес центар ТМРО