На вчерашната средба со партиското членство во Штип,каде беше отворена партиската канцеларија на ОК ТМРО во Штип и промовиран нејзинот локален претседател Симон Поликарп-Џими,претседателот на партијата Ванчо Шехтански истакна дека, ТМРО смета дека МПЦ треба да биде доследна во водењето на својата принципиелна политика,за Афтокефална Македонска првославна црква.Предлогот на Српскиот претседател Томислав Николик,за трампа на Вранишковски со Томос за МПЦ е несериозен и контрадикторен.Како прво и Македонија и Србија се секуларни држави,каде политиката е надвор од црквата.Како второ Вранишковски е осуден за криминал и злоупотреба на црковни пари,а како трето неможе мајката да бара признавање од керката,во случајов Македонската Православна црква која е наследник на Охридската архиепископија,основана во 9 век од Свети Климент Охридски а укината со Султанов декрет 1767 година.Српската црква својот зародиш го има од Свети Сава во 12 век,што значи 3 века подоцна од Охридската Архиепископија која е црква мајка на мегу другото и на Српската црква.Во контекст на истото ТМРО ја подржува МПЦ во сите нејзини чекори за божјата вистина,а таканаречените домашни експерти кои непромислено даваат изјави на оваа тема,да не прават штета со неадекватни изјави-истакна потпаролот на ТМРО Слободан Лаковски.
Прес центар ТМРО
Портпарол
Слободан Лаковски