Според ТМРО во Македонија народот ги избра пратениците да го претставуваат во парламентот. Тоа значи дека тие треба да го претставуваат таму во Собранието каде што сме ги пратиле. ТМРО не гледа друго место и можност за бранење на парламентарната демократија освен во Собранието на Република Македонија и тоа со дискусии и конверзации, не со насилство и закани. Ако сакавме да гледаме Ултимејт Фајт ќе отидевме во сала за ринг. Како што се одвиваат работите некои пратеници ќе го напуштат парламентот односно ќе го бојкотираат Собранието во сопствената држава Македонија. ТМРО се прашува почитувани дами и господа, колку ќе добијат Албанските партии во Македонија со уцени заради работите што ни се случуваат, а тие работи се несогласувања и раскарување на Македонскиот народ. Затоа бараме секој пратеник што ќе го напушти собранието да ја остави пратеничката плата - изјави техничкиот секретар на ТМРО Ненад Николовски
AuthorArchivesCategories |