Директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански ќе ја поништи одлуката на Советот на општината Тетово Рамуш Харадинај да биде прогласен за почесен граѓанин ако не е донесена според Баденеровиот принцип.
Шехтански за МКД.мк вели дека инспекторатот ќе реагира штом ќе ја добие одлуката на Советот и откако ќе испита дали е донесена согласно со законите, односно согласно со Бадентеровиот принцип.
Рамуш Харадинај, поранешен командант на ОВК и премиер на Косово, денеска беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово со акламација на 19 советници од албанските политички партии. Деветте советници-Македонци не гласаа за таа точка и ја напуштиле седницата на тетовскиот Совет. Тие најавија дека, после ваквата скандалозна одлука, нема веќе да учествуваат во работата на седниците на Советот се до неговото распуштање.
Според советниците-Македонци, ставањето на оваа точка на дневен ред без претходни консултации со сите партии е неприфатливо. Предлогот на дневен ред бил ставен по иницијатива на градоначалникот на Тетово. Одлуката Рамуш Харадинај да биде почесен граѓанин е планирано свечено да се одбележи на 4 февруари. Но во меѓувреме се очекува да биде поништена со оглед на тоа што е донесена без Бадентер.