Во интервјуто со директорот на Државениот инспекторат за локална самоуправа и претседател на ТМРО Ванчо Шехтански разговараме за Македонскиот манифест, за случувањата во Кичево и Струга, како да се справи државата со проблемите во западна Македонија...
Топпост: Во тек е акцијата за собирање на потписи за Македонскиот манифест со кој се бара итно прекунување на преговорите за името. Што мислите за оваа иницијатива?
Шехтански: Акцијата со Манифестот е легитимна и оправдана. Интелектуалната критична маса во Македонија 20 години е без став, и лично мислам дека и сега овој став на интелектуалци е претходница на државниот став што ќе биде наскоро, а ке се темели на оваа акција.
Топпост: Вие сметате дека Македонија и да го смени името нема да влезе во ЕУ и НАТО. Зошто мислите така?
Шехтански: Македонското прашање е сложено и дури и да се изврши национално самоубиство и се смени името, ќе излезе друг проблем, на пример за јазикот. ЕУ има свој јасен став прокламиран уште 1991 год, по македонското прогласување на независнот, а тоа е дека нема македонско прашање за ЕУ.
Топпост: Баравте од сегашната владејачка гарнитура да побара од Меѓународниот суд воени репарации од Атина за извршен геноцид во 1912 година на над 750.000 Македонци, враќање на сите прогонети на своите огништа, враќање на одземените имоти. Дали добивте одговор од власта?
Шехтански: Македонија 20 години има очајна дипломатија, која ниту еднаш не го постави Македонското прашање. Се води дефанзивна, одбрамбена стратегија, а се премолчува Грчкиот геноцид. Македонија мора да го постави прашањето со имотите на протераните, враќање на нивните наследници, и репарации за извршениот геноцид.
Топпост: Сметате дека Албанците во Македонија се однесуваат империјалистички. Образложете го овој ваш став?
Шехтански: Албанците прават етничка држава, притоа употребувајќи ги сите методи. Дури наметнаа став дека се староседелци на Балканот за да ја оправдаат оваа своја политика. Вистината е друга, а тоа е дека во 17 и 18 век Османлиската империја насели Геги од Кавказот, како баланс на Балканот. Прашањето и проблемот со ова прашање допрва ни претстои.
Топпост: Што мислите што треба државата да преземе за да престане, како што велите, империјалистичкото однесување на Албанците?
Шехтански: Како прво да се води Национална македонска политика. Да се ревитализираат селата во западна Македонија, и да се промени свеста кај Македонците, а тоа е дека се свои на свое, а своето мора да го чуваат со сите средства.
Топппост: Во моментов Македонците во Струга и Кичево се соочуваат со самоволието на градоначалниците Зијадин Села и Фатмир Дехари, се бркаат од работа поради етничката припадност, се носат одлуки без „бадинетровиот принци“. Дали ги посетивте овие две општини и што ќе преземете?
Шехтански: Овие одлуки на советите на Струга и Кичево се’ уште не се излезени во Службен весник, а откако ќе излезат, потоа ќе се врши вонреден надзор над нивната законитост.
Што се однесува за Струга и пред се’ Кичево,ТМРО како партија изрази сомнеж во целата таа валкана игра од 24 март. Нема логично објаснување зошто немо се гледаше како се организира албанската дијаспора од цел свет за денот на гласањето, се носеа автобуси и авиони со луѓе за гласање, а од македонска страна не се донесе ни еден не авион туку ни едно автобусче. Македонците го загубија Кичево за 1500 гласа, а само во Белград има 1400 иселеници од Кичево( не држи дека се е од 2004), но никој ниту ги донесе ниту сакаше да ги донесе. Историјата допрва ќе се занимава со овој парадокс, а тој е како Македонците си го дадоа Кичево, нешто слично како Русија на САД што ја продаде Алјаска за 200.000 долари.