Судбина ми е да формирам државни институции, вели Ванчо Шехтански, актуелен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и прв директор на Агенцијата за управување со конфискуван имот во интервју за Нетпрес.
Шехтански, кој инаку е адвокат по професија и претседател на политичката партија ТМРО во интервјуто зборува за работа во Агенција, предизвикот во ДИЛС, неговите ставови околу актуелната политичка ситуација. Разговараме и за предлозите на неговата партија кои предизвикаа голема внимание во јавноста.
Бевте директор на Агенцијата за управување со конфискуван имот без малку ја формиравте истата, може ли да ни кажете каков предизвик беше тоа и колку успешно ја завршивте таа мисија?
Шехтански: Судбината ми е да формирам институтции за Владата на Република Македонија бидејќи прво беше формирањето на Агенцијата за конфискување на имот која ја ставивме во функција во 2009-та година летото. Таа беше формирана по препорака на Советот на Европа како алка во борбата за сузбивање на организираниот криминал,и задоволство е што во извештајот на Европската Комисија за нашата земја за 2010,работата на Агенцијата за конфискација беше отценета со највисока отценка . Лично за мене беше предизвик, како претходен долгогодишен адвокат,кој претежно се занимава со кривична материја, агенцијата се формираше по урнекот на шпанската, на италијанската и на бугарската агенција. Македонија е една од седумте држави во Европа кои имаат таква Агенција за управување со конфискуван имот како дел од државните институции. Јас лично сум задоволен од тоа како го завршив тој проект, бидејќи сепак бев задолжен за нејзино формирање на така голема институција и за тој период во буџетот на државата беа ефектуирани 13,5 милиони евра. Тие средства беа конфискувани со правосилна судска пресуда во едни од најголемите и најпознатите криминални случаи во земјава како „Бачило“, Даравелски, Миодраг Марковиќ и пакетот акции во ИК банка „Славија“ и неколку други случаеви. Се одземаа недвижнини,цигари, пакет акции, пари...
Во моментов сте директор на ДИСЛ колку општините ги почитуваат законските процедури при донесување на своите одлуки имајќи предвид дека во изминатиот период бевте принудени да поништувате одлуки на општините бидејќи се косеа со законите?
Шехтански: Од Октомври 2010 година бев назначен за директор на Инспекторатот за локална самоуправа и веднаш по моето назначување беше донесен од страна на Собранието во декември 2010 година и Законот за Државен инспекторат за локална самоуправа. Со оваа институција се контролира законитоста и уставноста на работата на Советите на единиците за локална самоуправа. Тоа значи дека и покрај децентрализацијата сепак општините во својата работа и одлуките кои ги носат остануваат контролирани од државата во однос на законитоста и уставности. Бевме сведоци изминатата година дека од страна на советите на општините беа донесени одлуки кои беа спротивни на Уставот на Македонија како промена на имињата на училиштата, именување на почесни граѓаните, менување на имиња на улици. Меѓутоа ДИЛС таквите одлуки ги поништи како и околу 40 други слични сторени прекршоци. Општинтие тешко се навикнаа на ваквиот начин на работа бидејќи сега имаат рок од 10 дена да не известат преку Службено гласило за донесување на одлуката, а потоа ние доколку се во ред се објавуваат во Службен весник, во спротив одлуката се запира и одлуката се праќа до Уставен суд во вид на иницијатава, со тоа се прави проверка и на нашата одлука да запреме извршување на некое решение од советите на општините.
Како претседател на ТМРО, која е дел од владејачката коалиција, како гледате на актуелната политичка ситуација пост локалните избори и во пресрет на Европскиот самит?
Шехтански: Локалните избори беа спроведени фер и демократски, гледаме дека и членки на Европската Унија се соочија со одредени предизвици и имаа голем број забелешки во однос на спроведувањето на изборите. Во однос на ситуацијата во наредниот период јас сум скептик дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со Европската Унија. Сметам дека Грција повторно ќе стави вето за нашето членство и во ЕУ и во НАТО, ситуацијата не е нова, таа е постојана 20 години наназад. Сметам дека и покрај сите предизвици, Владата добро се носи со сето тоа.
Како партија имавте категорични ставови околу ситуацијата со Кичево пред и по локалните избори...
Шехтански: Имавме став како партија дека и покрај катастрофалната територијалната поделба од 2004 Кичево мораше и можеше да добие градоначалник Македонец, сметам дека недоволно се направи за зачувување на природните односи во градот и дека промената на етничкиот состав на општина Кичево и во Советот и со градоначалникот не ја отсликува реалната состојба и таа дополнително може да ја влоши состојбата во државата, затоа што се добива една врзана територија од Липково до Струга, па за ТМРО на наредната лидерска средба на коалицијата „За подобра Македонија“ тоа ќе биде една од точките за разговор и таму ќе се заземе став за збиднувањата во Кичево, пред се околу пасивноста и масовното гласање на припадниците на две етнички заедници кои се најпривилегирани и најгласни кога се работи за вработувања на нивните заедници, а кои масовно гласаа против кандидатот Македонец,но и неорганизираноста со очигледното неносење организирано на иселеници Македонци,за разлика од другата страна која само на денот на изборите донесе дури 5400 иселеници.
Од вашата партија во минатато излегоа неколку предлози кои предизивикаа големо внимание во јавноста – како оној за воведување „ергенски данок“ и враќање на задолжителниот воен рок ги поддржувате ли се уште тие идеи, сметате дека на Македонија и се неопходни такви решенија и со каква цел?
Шехтански: Република Македонија е единствена матична држава на македонскиот народ и ние друга држава немаме и како таква РМ ние Македонците сме должи да ја чуваме. Ние сме заложници за враќање на воениот рок како задолжителен бидејќи ниту сме членка на НАТО, ниту имаме обврска.. Видовме што ни се случи во 2001 година, повторно во иднина е можно да ни се случи такво нешто не гледаме нешто лошо доколку имаме населние кое е способно за одбрана на државата и не гледаме ништо лошо во нашите ставови бидејќи ние во ТМРО ниту сме биле терористи, ниту паравоена формација, ние единствено сме национална партија и ги штитиме интересите на Македонија и македонскиот народ и тука нема ништо лошо, кога некој може да ги штити интерсите на својата малцинска заедница во земјава и тоа јавно го прокламира со сите можни средства,моземе и ние Македонците. Свесни сме за нашата политичка моќ, која како што дел од владејачката коалиција немаме моќ да ги менуваме реално работите, но секогаш можеме да даваме предлози кои се во интерес на македонскиот народ.По однос на алармантниот проблем со наталитетот како основ за македонскиот карактер на државата, која патем е единствена матична држава на Македонскиот народ, времето ќе покаже дали сме биле во право или не,но едно е јасно Македонците мора да превземат мерки за да не се случи да бидат малцинство во својата земја.
Што по завршувањето на мандатот во државната служба во ДИЛС што ќе ви биде следниот предизвик или што би сакале да би биде?
Јас на Република Македонија сметам дека во овој четиригодишен период со мојата активност и работа како државен функционер и оставив две државни институции во доменот на мојата професионалност како акдвокат. Предизвик секогаш ќе ми биде адвокатурата и по завршувањето на сите обврски како државен функционер се гледам повторно како адвокат.
автор: Нетпрес